Барса ќе добие нов тренер по крајот на Европското првенство, Бартомеу го одбрал наследникот на Валверде?!
МКД
Според пишувањата на Кадена СЕР, Ернесто Валверде нема да добие отказ во понеделник и ќе остане до крајот на сезоната а потоа кормилото на Барселона треба да го превземе Роналд Куман. По синоќешниот пораз на Барса од Атлетико Мадрид во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, се погласни се барањата Ернесто Валверде да добие отказ. Бордот на директори во понеделник има средба, па почнаа да кружат гласини дека тренерот тогаш ќе биде разрешен од должностите. Кадена СЕР вели дека во ваквите најави сепак нема вистина, се работи за редова средба на Бордот на директори која е однапред договорена. Извештајот вели дека Ернесто Валверде може да добие отказ само доколку се случи катастрофа во следниот период, во спротивно, очекувањата се дека стратегот ќе остане до крајот на сезоната и летоска ќе биде направена промената. Прва желба на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу е Роналд Куман, кој ќе треба да го превзеде кормилото на Барселона по Европското првенство.

Курсеви

(MKD)

55.8615
61.6432
57.5459
38.2236
73.1149
0.5096

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9707
EUR/USD
1.1035
GBP/USD
1.3089
USD/JPY
109.6183
EUR/CHF
1.0712
EUR/AUD
1.6127

Игри