Џереми Ајронс ќе претседава со жирито на Берлинале
 
2020-01-09 11:36:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Славниот британски филмски и театарски актер, оскаровецот Џереми Ајронс, ќе биде претседател на меѓународното жири на 70. Берлински филмски фестивал.

„Со неговиот специфичен стил, Џереми Ајронс создаде легендарни улоги кои ме придружуваа во моето филмско патување, и со чија помош станав свесен за комплексноста на човечките суштества. Неговиот талент и одлуките кои ги направил и како уметник и како граѓанин, ме прават горд што можам да му посакам добредојде како претседател на жирито“, изјави директорот на Берлинале Карло Катријан.

Заблагодарувајќи се за честа што му ја пружа фестивалот кој многу го цени и почитува, Ајронс додава дека „присуството во Берлин за време на фестивалот ќе ми даде можност не само да се потсетам самиот себеси на овој прекрасен град, туку и дека ќе може да гледам филмови кои ќе ги одбере фестивалот, како и можноста да дискутирам за нив заедно со членовите на жирито“.

Во бројните филмски и телевизиски продукции, 71-годишниот Ајронс има соработувано со режисери како Дејвид Линч, Ридли Скот, Бернардо Бертолучи.  Во 1991 доби Златен глобус и Оскар за улогата во филмот „Пресврт на среќата“.
 

С.С. 

Курсеви

(MKD)

57.1726
61.695
58.4233
34.6796
70.2677
0.5249

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9786
EUR/USD
1.0791
GBP/USD
1.229
USD/JPY
108.9209
EUR/CHF
1.056
EUR/AUD
1.779

Игри