Наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2019 ја добива писателот Стево Симски
 
2020-01-08 10:43:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Поетот, раскажувач, писател за деца и сценарист-Стево Симски, е авторот на наградената поема за 2019 година „Таинство на богомилите“ под шифра „Пролог“.

Симски е роден 1953 година во Јабука, Србија. Живее во Скопје од 1961 година. Петнаесет години работел како наставник по македонски јазик. Од 1997-2016 година, како дипломат, работи во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Добитник е на над десетина награди на конкурсите за краток расказ. Автор на над 80 ТВ сценарија снимени од МРТВ, ТВ Алфа и ТВ Сител.

 

Автор е на книгите: Бродот нуркач (поема за деца, 1991), Лаѓа од картон граѓа (брзозборки, 1992), Ѕвездена порта (роман, 1993), Источен ѕид (поезија, 1999), Раѓање на ангелот (поема, 2001), Зимска шапка (раскази, 2002), Виолетов дожд (раскази, 2004), Недеремено око (поезија, 2008). Наградени книги: Прва награда на Подкозјачките поетски средби, 1999, за збирката песни Источниот ѕид. Прличева награда за поемата Раѓање на ангелот за 2000 година.

Курсеви

(MKD)

57.1726
61.695
58.4233
34.6796
70.2677
0.5249

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9786
EUR/USD
1.0791
GBP/USD
1.229
USD/JPY
108.9209
EUR/CHF
1.056
EUR/AUD
1.779

Игри