image
Контроверзниoт филм „Куќата што ја изгради Џек“ на Фон Трир на 21 февруари доаѓа во македонските киносали
 
2019-02-21 18:11:00
 
  
 

Извор: HeadLines

„Куќата што ја изгради Џек“, најновото филмско остварување на Ларс фон Трир кое ја подели публиката на последното издание на Канскиот филмски фестивал, конечно доаѓа во македонските киносали. Оваа контроверзната криминалистичка драма/ хорор македонската публика ќе има можност да ја види од 21 февруари во дистрибуција на „КТ Филм и Медиа“ од Битола.

gallery image
Трилер-хоророт со Мет Дилон, Ума Турман и Бруно Ганц, зачинет со црниот хумор на Вон Трир, го следи убиствениот поход на сериски убиец низ неколку децении. Во него се прикажува интелигентниот Џек во временски период од 12 години и неговите убиствата што го дефинираат неговиот развој како сериски убиец во 1970-тите во САД. Приказната се доживува од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој зема се поголеми ризици во неговиот обид да го создаде врвното уметничко дело.
“Куќата што ја изгради Џек” е мрачна и зла приказна, која е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказнаgallery image

Премиерната проекција на филмот беше на годинашниот Филмски фестивал во Кан каде данскиот режисер се врати по неговото прогласување за непожелен во 2011, откако на прес конференција се шегуваше дека е симпатизер на нацистите. Фон Трир најави дека ова ќе биде неговиот најнасилен филм досега, а тоа се потврди и со масовното заминување на публиката од салата. За волја на вистината, оние што успеале да останат до крајот на двоиполчасовната проекција на крај го поздравиле со десетминутни стоечки овации.
Филмот имаше фестивалска премиера во ноември во Скопје, во рамките на Гала-програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

С.Станишиќ

Курсеви

(MKD)

54.4734
61.495
54.872
37.6439
69.1343
0.5022

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9927
EUR/USD
1.1289
GBP/USD
1.2691
USD/JPY
108.4695
EUR/CHF
1.1207
EUR/AUD
1.6336

Игри