image
Дански филм ќе го отвори 69. издание на Берлинале
 
2018-12-06 17:03:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Околу два месеци пред официјалното отворање на 69-то Берлинале (7 - 17 февруари 2019), фестивалската дирекција веќе го објави изборот на филм за гала вечерта која ќе го освети екранот во луксузната сала "Берлинале Палас", во самото срце на Берлин.

Честа да го отвори најголемиот светски филмски настан и е доверена на данската режисерка Лоне Шерфиг со нејзиниот нов филм "Добрината на непознатите" (2019), копродукција на Данска, Шведска, Франција и Германија. Заплетот на филмот се одвива во сегашно време во зимскиот и студен Њујорк, каде различни луѓе се веселат, бараат и наоѓаат љубов и добрина меѓусебно. Во главните улоги се помалку познати актери како Зои Казан, Џеј Барушел, Бил Нај, Андреа Рејсбороу, Тахар Рахим и други.

"Прекрасно е дека токму новиот филм на Лоне Шерфиг ќе отвори Берлинале'2019. Нејзиниот редок талент за карактерот на ликовите и нивните односи и деликатен хумор, ветуваат добар почеток за фестивалот. При тоа филмот е еден од насловите во трката за награда ", вели директорот Дитер Кослик. А за него тоа ќе е последното издание на фестивалот, бидејќи договорот му истекува во мај 2019 година. Ќе го заменат веќе утврдените двајца нови шефови: Италијанецот Карло Чатриан како уметнички директор и Мариета Ризенбек која ќе биде првата жена - извршен директор.

Од почетокот на својата успешна меѓународна кариера сценаристката и режисерка Лоне Шерфиг постојано била гостин на Берлинале. Во 1990 година филмот нејзиното "The Birthday Trip" учествува во паралелната програма "Панорама", а во 1998 година "On Our Own" е селектирани во програмата "Generation". Но вистински пробив на меѓународниот екран таа прави со "Италијански за почетници" (2000), кој доби Специјалната награда на жирито во Берлин во 2001 година. Две години подоцна "Вилбур сака да се самоубие" (2002) беше прикажан во селекцијата "Специјални проекции". А нејзината многу успешна филмска драма "Родителството на чувствата" (2009) исто така беше во оваа селекција на Берлинале, а во меѓувреме доби и три номинации за "Оскар".

Се уште не се објавени филмовите во главната конкуренција, "Панорама", "Форум" и другите паралелни категории. Засега не е познат и филмот за затворање, кој ќе биде прикажан повторно во "Берлинале Палас" на 17 февруари вечерта.

С. Станишиќ

Курсеви

(MKD)

54.16
61.4933
54.2939
38.6192
69.8787
0.4949

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9975
EUR/USD
1.1354
GBP/USD
1.2902
USD/JPY
109.4362
EUR/CHF
1.1326
EUR/AUD
1.5923

Игри