image
Благој Веселинов награден со „Shooting stars award 2019“ на Берлинале
 
2018-12-11 17:01:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Македонскиот актер, Благој Веселинов е официјален учесник во програмата „Shooting Stars“ или „Европски филмски ѕвезди“ на претстојното 69 издание на престижниот Берлински филмски фестивал 2019, соопштија од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Со тоа, Веселинов официјално е одбран како еден од десетте најдобри млади европски актери, кои покрај тоа што ќе имаат чест да бидат јавно претставени на фестивалот како ѕвезди во подем, ќе бидат и дел од посебна платформа која нуди единствена можност за оставрување на директни средби со кастинг директори, продуценти и воопшто филмски професионалци од целиот свет. Ова е голем успех на Благој Веселинов, не само како признание на неговата досегашна работа, туку како отворање на широка врата за негова меѓународна кариера, а воедно и за Македонија кон светската кинематографија.

Благој Веселинов е по потекло од Кочани, дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје и во прилог на неговата успешна кариера се повеќе од 50 театарски претстави и бројни филмски улоги во краткометражни и долгометражни филмови, меѓу кои: „Исцелител“, „Како да ме нема“, „Панкот не е мртов“, „Балканот не е мртов“, „Година на мајмунот“, „Ослободување на Скопје“ и други.

Неговото последно актерско остварување, улогата на Веле во филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски е круцијално за жирито на Берлинскиот филмски фестивал да го одбере за учесник во програмата и да ја истакне својата импресионираност од неговата изведба на ликот каде што „мошне умешно покажува длабока и изненадувачка чувствителност, а истовремено иако многу суптилно, умно и контролирачки прави пресврт покажувајќи ја својата искрена врска со неговиот лик“.

Во рамките на оваа програма Македонија досега учествувала со две актерки – Лабина Митевска (1998) и Наташа Петровиќ (2011).

Во ова издание на Берлинскиот филмски фестивал член на жирито е и македонската режисерка Теона Стругар-Митевска, а покрај неа, членови на жирито што ги избра талентите годинава се: американската кастинг-директорка Ејви Кауфман, филмската критичарка Тара Карајица од Србија, продуцентот Макдара Келехер од Ирска и исландската актерка, „Европска Филмска ѕвезда“ од 1999 година, Ингвар Сигурдсон.

Благој Веселинов како „Европска филмска ѕвезда“ е всушност уште едно големо признание во низата такви на филмот „Исцелител“ кој е и македонскиот кандидат за наградата „Оскар на полуларноста“ 2018 за филм од неаглиско говорно подрачје која ја доделува Американската Академијата за филмски уметности и науки.

Настанот „Европски филмски ѕвезди“,како дел од Берлинале (07-17.02.2019), годинава, по 22 пат по ред, ќе започне на 8 февруари кулуминирајќи со свечена церемонија на доделување на наградите во Берлинале Паласт, на 11 Февруари.

 

С. Станишиќ

Курсеви

(MKD)

55.2069
61.495
54.7888
37.9622
69.8014
0.5018

Валутен Пазар

USD/CHF
1.0076
EUR/USD
1.1139
GBP/USD
1.2644
USD/JPY
110.0177
EUR/CHF
1.1224
EUR/AUD
1.6199

Игри