image
Филмскиот фестивал „Џифони патува“ во Гостивар
 
2018-12-14 17:00:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Денеска и утре во Меѓународниот универзитет „Висион“ во Гостивар, со почеток од 10 часот ќе се одржи Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Гостивар“, кој ќе го отвори градоначалникот Арбен Таравари.

Во текот на двата дена младите ученици ќе го гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерот Сенад Абдули, кој ќе биде и ментор на актерската работилница. Работилницата за фотографија ќе ја води професорот Роберт Јанкулоски, а ментор на ликовната работилница ќе биде Моника Мотеска.

Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. На овој начин и младите од помалите градови каде најчесто не постои можност за гледање филмови во кино-сала ќе можат барем за кратко да ја осетат магијата на филмот. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.

Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Велес и Италијанската амбасада во Скопје.

Фестивалот во изминатиот период се одржа во Струмица, Кочани, Струга, Велес, Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп. Следната година фестивалот ќе продолжи да патува во останатите градови во Република Македонија.

Курсеви

(MKD)

54.4734
61.495
54.872
37.6439
69.1343
0.5022

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9927
EUR/USD
1.1289
GBP/USD
1.2691
USD/JPY
108.4695
EUR/CHF
1.1207
EUR/AUD
1.6336

Игри