image
Проекција на документарниот филм „Над возможното“ во „Кино Култура“
 
2018-11-28 16:55:00
 
  
 

Извор: HeadLines

В петок, 30 ноември, ќе се одржи проекција на документарниот филм „Над возможното“ (Over the limit), со почеток во 20 часот, во „Кино Култура“. Филмот беше премиерно прикажан во Скопје на деветтото издание на фестивалот „Македокс“, во август годинава, а проекцијата беше проследена со дружење со режисерката Марта Прус.

Организаторите наведуваат дека поради големата заинтересираност се одлучиле за зимска реприза за сите кои не успеале да го погледнат.

Документарниот филм „Над возможното“ (Полска, Германија, Финска/ 2017/ 74’) ја носи приказната на Маргарита Мамун, елитна ритмичка гимнастичарка која сонува да стане олимписка шампионка. 2017 е најважната година во нејзината кариера и последна шанса да си го оствари сонот. Оваа документарна драма, набиена со силни емоции, портретира млада девојка која очајнички се труди да се справи со своите амбиции и да ги исполни екстремните очекувања на своите тренери. Водејќи нè во затворениот свет на руските спортисти, филмот покажува дека рускиот ментален склоп не познава граници.

По фестивалската проекција на филмот, режисерката Марта Прус, меѓу другото, објасни дека правејќи филм за врвната руска гимнастичарка Маргарита Мамун не сакала да прикаже спортист кој стигнува до врвот на кариерата со победа на Олимпијада, туку човек со емоции.

„Победата е кратка, но патот до неа е долг“, нагласи Прус во август оваа година.

Курсеви

(MKD)

54.4734
61.495
54.872
37.6439
69.1343
0.5022

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9927
EUR/USD
1.1289
GBP/USD
1.2691
USD/JPY
108.4695
EUR/CHF
1.1207
EUR/AUD
1.6336

Игри