image
Доделени наградите на затворањето на Синедејс
 
2018-11-19 16:53:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Еј“ на Васил Христов во киното Милениум е затворен 17-от Меѓународен фестивал за европски филм „Синедејс“.
„Со задоволство ја спуштаме завесата на годинешниов „Синедејс“, за прв пат како фестивал со акредитација од Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти (FIAPF), со која застануваме рамо до рамо со големите фестивали во Кан, Берлин, Сан Себастијан, Венеција и Торонто.

FIAPF во „Синедејс“ препозна фестивал кој има одлична селекција на филмови, квалитетни програми, полни кино сали, фестивалсска атмосфера со која се приближуваме на европскиот филмски шмек. Или во бројки, 17-тото издание го погледнаа повеќе од 18 000 гледачи, имавме 200 странски гости, а вестите за фестивалот покрај домашните новинари ги пренесуваа и десетина акредитирани новинари од регионот“, изјави Русе Арсов директор на Младинскиот културен центар.

Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше меѓународна жири комисија која ги додели следниве награди:
Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Само на мојата свадба“од Марта Бергман, Белгија
Награда „Сребрана ѕвезда“ за најдобра режија за филмот „Кога дрвјата паѓаат“ во режија на Марисја Никитиук, Украина
Награда „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио е за Стефан Лукас, сценарист и режисер на филмот „Полицајци“ Австрија.
Специјално признание за филмот „Ана преку ден“ на Андреа Хауриета, Шпанија
Во селекцијата СинеБалкан награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Брак“ во режија на Блерта Зекири, Косово
Специјално признание за филмот „Мрзливец“ во режија на Алекса Стефан Радуловиќ, Црна Гора
Награда за Најдобра филмска критика на Вероника Камчевска за рецензијата на филмот „Не допирај ме“ од Адина Пинтилие
Награда за Најдобар студентски филм за филмот „Возење. Поема за татко ми“ во режија на Ирена Гатеј од Универзитетот Нова Горица, Словенија
Награда Young Cinema Award од жирито на Џифони филм фестивал за филмот „Арада“, на Му Тунч, Турција.

„Со вечерашното завршување на фестивалот почнуваат подготовките за идното полнолетно издание на „Синедејс“, кое ќе ја задржи тенденцијата да носи новитети на домашниот филмски пазар“, дополни Арсов. Инаку филмот „Еј“ на Васил Христов од четврток е на редовен репертоар на кино Милениум.

Курсеви

(MKD)

54.4734
61.495
54.872
37.6439
69.1343
0.5022

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9927
EUR/USD
1.1289
GBP/USD
1.2691
USD/JPY
108.4695
EUR/CHF
1.1207
EUR/AUD
1.6336

Игри