image
Девет македонски филмови селектирани на Интернационалниот филмски фестивал Тирана 2018
 
2018-11-02 16:48:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Во периодот помеѓу 2-9 ноември оваа година ќе се одржи 16-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Тирана во чија официјална селекција се избрани вкупно девет македонски филмови.

„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески ќе се прикаже во Меѓународната натпреварувачка програма во категоријата EYE ON TIFF.

Во категоријата “BALKAN COMPETITION”се избрани вкупно седум македонски филмови. Два македонски играни филмови ќе се натпреваруваат во оваа категорија: „Сведок“ на Митко Панов и „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски. Од кратките филмови ќе се натпреваруваат пет македонски филмови : „Коливо“ на Андреј Илиевски Волкашин, „Магнолија“ на Ана Опачиќ, „Правила на уметноста“ на Алек Русјаков и Сабедин Селмани, „Последните камбани“ на Никола Поповски и „Доаѓаат од центарот на светот“ на Дина Дума.

Краткиот филм „Мишко“ на Ханис Багашов ќе се прикаже во програмата PANORAMA SHORT.

Повеќе за фестивалот може да најдете на следниот линк: http://www.tiranafilmfest.com/

Курсеви

(MKD)

54.4734
61.495
54.872
37.6439
69.1343
0.5022

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9927
EUR/USD
1.1289
GBP/USD
1.2691
USD/JPY
108.4695
EUR/CHF
1.1207
EUR/AUD
1.6336

Игри