image
„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески е македонскиот кандидат за Оскар
 
2018-09-19 16:42:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, ќе биде национален кандидат на Република Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје" за 2019 година, соопшти денеска Друштвото на филмски работници.

Одлуката која е прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики,  ја донесе комисја во состав: во состав: Игор Иванов - режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ - актер, Амернис Нокшиќи - актер, Горан Трајкоски - композитор, Игор Тошевски - ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски - режисер и Наум Доксевски - кинематографер.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Курсеви

(MKD)

54.4734
61.495
54.872
37.6439
69.1343
0.5022

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9927
EUR/USD
1.1289
GBP/USD
1.2691
USD/JPY
108.4695
EUR/CHF
1.1207
EUR/AUD
1.6336

Игри