image
Жилиет Бинош ќе раководи со жирито на Берлинскиот филмски фестивал
 
2018-12-11 16:32:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Француската актерка и добитничка на наградата „Оскар“ Жилиет Бинош ќе биде претседател на меѓународното жири на 69. издание на Берлинскиот филмски фестивал.

„Многу сум задоволен што Жилиет е претседател на меѓународното жири во 2019 година. Фестивалот e на многу начини поврзан со неа и јас сум многу среќен што таа ќе се врати на фестивалот во оваа позиција “, вели Дитер Кослик, директор на Берлинале.

За актерската дива Бинош ова е голема чест и со задоволство ја прифаќа оваа позиција.

„Ви благодарам за оваа огромна чест и покана за Вашето последно Берлинале, драг Дитер, тоа е значајно и за мене и за светот! Со нетрпение го очекувам овој специјален состанок со целото жири и ќе ја прифатам мојата задача со радост и грижа”, вели Бинош.

Таа е една од најпрепознатливите актерки во светот. На публиката и на критиката им е позната од улогите во повеќе од од 70 филма, и како добитнича на бројни награди и номинации.

По нејзиното филмско деби во 1983 година во Liberty Belle , таа беше откриена како талент во Je vous salue на Жан-Лик Годар, Мари (Hail Mary, 1984).

Нејзината прва соработка со Leos Carax, Mauvais Sang (The Night is Young, 1986) е прикажана во конкуренција на Берлинале во 1987 година.

Меѓународен пробив доживеа со филмот  „Неподносливата леснотија на постоењето“  (1988), филмската адаптација на истоимениот роман. Нејзината втора соработка со Leos Carax, Les amants du Pont-Neuf (The Lovers On The Bridge, 1991) беше прикажана на Форумот на Берлинскиот Берли 1992.

Во 1993 година је наградена  за нејзината улога во „Три бои сино“ на Кшиштоф Кишловски, како и со наградата „Цезар“, националната филмска награда на Франција.

 

С. Станишиќ

Курсеви

(MKD)

55.9213
61.4967
56.5591
37.9305
71.8084
0.5147

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9887
EUR/USD
1.0997
GBP/USD
1.2841
USD/JPY
108.6483
EUR/CHF
1.0873
EUR/AUD
1.6213

Игри