image
Ревија на македонски филмови во киното Синеплекс
 
2018-09-10 16:31:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Седумдневна филмска програма со наслов „Ревија на македонски филм“ ќе се одржи од 13 до 19 септември во киното Синеплекс. Филмската ревија ги содржи речиси сите долгометражни филмови издадени во периодот од 2001 до 2018 година и неколку краткометражни издадени во текот на овие години.

Оваа ревија е прва од ваков карактер на репертоарот на киното Синеплекс и цената на билетот за секоја проекција ќе изнесува 100 денари.

Како дел од репертоарот, скопската публика ќе може повторно, или за прв пат, да ги види големите филмови како Прашина, Мајки, До балчак, Исцелител, Година на мајмунот, Трето полувреме и други. Целосната програма може да ја најдете од понеделник (10.9.) на веб-страницата на Синеплекс.

Курсеви

(MKD)

54.4734
61.495
54.872
37.6439
69.1343
0.5022

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9927
EUR/USD
1.1289
GBP/USD
1.2691
USD/JPY
108.4695
EUR/CHF
1.1207
EUR/AUD
1.6336

Игри