image
Започнува Cinedays 2018: „Збогати се преку ноќ“
 
2018-11-07 16:24:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Под слоганот „Збогати се преку ноќ“, од 8 до 18 ноември во организација на Младинскиот културен центар ќе се одржи седумнаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на европски филм – Cinedays. И годинешниот Cinedays нуди филмови што „гравитираат“ во неколку програмски целини: Официјална селекција, CineBalkan, Гала програма, Музички документарци, МК во ЕУ програма, Ретроспектива на Милош Форман, ЕYE ON FILMS, МК-Кратки филмови, Студентска програма, Детска програма, Special screenings и богата придружна програма од работилници како и богата музичка селекција од концерти во специјалната програма на фестивалот, CineMusic. 

Гала програмата и годинава изобилува со врвни режисерски имиња и наградувани филмови на фестивалите вo Кан, Сан Себастијан, Венеција, Берлин, Ротердам… Од вкупно 21 филм во Гала програмата, љубителите на европскиот филм ќе можат да ја погледнат следнава селекција: „Don’t worry, he won’t get far on foot“ на Гус ван Сант, „The House that Jack build“ на Ларс фон Трир, „Suspiria“ на Лука Гуадањино, „The Man who killed Don Quixote“ на Тери Гилијам, „Peterloo“ на Мајк Леих, „Sunset“ на Ласло Немес, „The Happy Prince“ на Руперт Еверет, „Everybody knows“ на Асгар Фархади, „Cold War“ на Павел Павликовски, „Walking to Paris“ на Питер Гринвеј, „The white crow“ на Ралф Фајнс, „The death and life of Jason F Donovan“ на Ксавиер Долан, „Shoplifters“ на Хироказу Корида, „Loro“ на Паоло Сорентино, „Le livre d’image“ на Жан Лук Годар, „Dogman“ на Матео Гароне, „Non Fiction“ на Оливие Асајас, „Isle of Dogs“ на Вес Андерсон, „The Darkest Hour“ на Џо Рајт, „The Phantom Thread“ на Пол Томас Андерсон, „Black KKKlansman“ на Спајк Ли.

Како специјално изненадување е најавен и филмот „The Favourite“, на Јоргос Лантимос, филм чијашто премиера се случи на овогодишното издание на Венецискиот фестивал и допатува специјално на Cinedays, пред воопшто да биде пуштен во кинодистрибуција закажана за 2019 година.

За затворањето на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да ја видат и долгоочекуваната македонска премиера на филмот „Хеј“ на македонскиот режисер Васил Христов.

Во рамките на Официјалната селекција ќе може да се погледнат филмовите: „Аlone at my wedding“ на Марта Бергман, „Cops“ на Стефан Лукас, „The load“ во режија на Огњен Главоњик, „When the trees fall“ на Марисија Никитиук, победникот на Берлинскиот филмски фестивал – „Тouch me not“ на Адина Пинтиле, „Via Carpatia“ на Каспер Бајон и Клара Кочанска, „Ana day by day“ на Андреа Хауриета и „You have the night“ на Иван Салатиќ, кој е награден на Венецискиот фестивал 2018. Oвие филмови ќе се натпреваруваат за наградите: Златна ѕвезда за најдобар филм и 5.000 евра парична награда, Сребрена ѕвезда за најдобра режија и Сина ѕвезда за најдобро сценарио. Новитет оваа година е соработката со филмскиот фестивал за млади Giffoni, со кој заедно ќе биде доделена специјалната награда Youth Award за најдобар филм – од млади за млади. Жири-комисијата во Официјалната селекција ја сочинуваат Верица Недеска – актерка, Бригита Матнеј, финансиски консултант од германскиот фонд Bradenburg Medienboard, и професорката по филм и теоретичарка Александра Накиелски. Содржината на останатите програмски целини можете детално да ја разгледате овде.

Придружната програма годинава ќе содржи: награда за најдобра филмска критика за студентите по новинарство, студентите по филм и сите критички настроени ентузијасти, панел-дискусија „Close up of the Macedonian film festivals“, на која ќе се направи детален преглед во минатото и во перспективите на македонските филмски фестивали, мастерклас „How to Successfully Sell Your Film / Digital Distribution Masterclass“, водена од Коби Шели, предавање „How to Pitch a Film Project?“ на Бригита Мантеј, Отворено предавање „I even met brave Balkans“ и Детска работилница со Рашко Миљковиќ.

Mузичката програма, пак, се состои од девет концерти, и тоа со настап на: Сеќавање на ЕКВ (со Срѓан Жика Тодоровиќ на тапани), Mauskovic dance band (Холандија), Noga Erez  (Израел), YOU и Anna O. (Македонија), Диџеј-сет на BIGor (Словенија) и концерт на африканска џез-бит група Idris Ackamoor & The Pyramids, TAU (Германија), Gabe Gurnsey (Factory Floor) (Велика Британија), Женскиот младински хор на МКЦ – џез-програма (Македонија), Lydia Lunch (САД).

Билетите за Гала програмата се со популарна цена од 150 денари, сите останати проекции со цена од 100 денари додека проекциите во рамките на Студентската програма, Програмата МК кратки филмови, Детската програма и Работилниците се бесплатни.

Фестивалот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, Градот Скопје и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Курсеви

(MKD)

54.4734
61.495
54.872
37.6439
69.1343
0.5022

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9927
EUR/USD
1.1289
GBP/USD
1.2691
USD/JPY
108.4695
EUR/CHF
1.1207
EUR/AUD
1.6336

Игри