image
„СЕКОЈ ЗНАЕ“ НА ДВОЈНИОТ ИРАНСКИ ОСКАРОВЕЦ АСГАР ФАРХАДИ ГО ОТВОРА КАН
 
2018-04-10 17:27:52
 
  
 

Извор: HeadLines

„Секој знае“ на иранскиот оскаровец Асгар Фархади со Пенелопе Круз и Хавиер Бардем ќе го отвори 71. издание на Канскиот филмски фестивал на 8 мај, соопшти фестивалот. Осмиот филм на Фархади, целосно снимен на шпански јазик на Пиринејскиот Полуостров, е приказна за Лаура која живее со сопругот и децата во Буенос Аирес. Кога се враќаат заедно во своето родно село во Шпанија за семејната прослава, неочекуван настан го менува текот на нивниот живот. Семејството, неговите врски и моралните избори наметнати врз нив се во срцето на заплетот, како и во секое од сценаријата на Фархади.

Последен пат Кан отвори со филм кој не е на англиски или на француски  во 2004, со „Лошо образование“ на Педро Алмодовар во 2004.

„Секој знае“ е психолошки трилер, а покрај шпанската ѕвездена двојка Пенелопе Круз и Хавиер Бардем игра и Рикардо Дарин од Аргентина. Како и обично, Асгар Фархади работи со првокласен тим: Хозе Луис Алкаин е директор на фотографија (редовен соработник на Педро Алмодовар, Карлос Саура и Бигас Луна), костимографка е Соња Гранде („Полноќ во Париз“ од Вуди Ален, „Другите“ од Алехандро Аменабар) и иранскиот монтажер Хаједех Сафијари со кого ја продолжува долгата и плодна соработка, откако заедно работеа на четири од неговите филмови, меѓу кои и неговите два филма со Оскар.

Во изминатата деценија, Асгар Фархади брзо се етаблира како еден од највлијателните и меѓународно признати режисери на Иран, како за неговите напнати и вешто напишани сценарија, така и за виртуозноста на неговиот реализам во режијата. На Берлинале во 2011 „Разделба“ ја освои Златната мечка, а потоа освои и Златен глобус, Цезар и Оскар за најдобар странски филм. Фархади со „Минато“ во 2013 беше во селекцијата на Кан, а „Продавач“ во 2016 исто така освои Оскар за најдобар странски филм.

71. Филмски фестивал во Кан ќе се одржи од 8 до 19 мај, а со жирито за Златната палма  ќе претседава австралиската оскаровска актерка Кејт Бланшет.

К. Ѓ.

Курсеви

(MKD)

52.7945
61.495
53.3163
39.2162
70.1517
0.4793

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9902
EUR/USD
1.1648
GBP/USD
1.3288
USD/JPY
110.1492
EUR/CHF
1.1534
EUR/AUD
1.5681

Игри