image
Филмовите на Netflix забранети во Кан
 
2018-03-27 18:07:29
 
  
 

Извор: HeadLines

На Netflix му беше забрането да се натпреварува на Канскиот филмски фестивал, со објаснување дека тие не ги исполнуваат условите за влез во натпреварувачка конкуренција.

Тери Фремо, главниот организатор на Канскиот филмски фестивал, објасни дека забраната се должи на тоа што Netflix одбиваат да ги емитуваат нивните оригинални филмови во кино затоа што тие се веќе достапни преку стриминг сервисот на платформата.

Netflix понекогаш прави проекции кои траат еден или неколку дена во киносалите, само за да ги обезбеди условите за учество во натпреварувачка конкуренција на филмските фестивали, кои бараат задолжително филмовите да бидат прикажувани во киносалите барем одреден период пред да можат да се борат за награда на фестивалот.

„Минатата година одбравме два филма, кои сметав дека Netflix ќе ги емитува во кино. Иако пробав да бидам убедлив, не ми успеа, а тоа предизвика големи негодувања кај француските кинематографи“, рече Фремо.

„Okja“ на режисерот Бонг Џун-Хо и „The Meyerowitz Stories“ на Ноа Баумбах беа одбрани за ланскиот натпреварувачки дел од Канскиот филмски фестивал и организаторите побараа од Netflix да ги прикаже овие филмови во француските киносали во период од барем една недела, но поради потешкотии предизвикани од францускиот Закон за медиуми, тие не беа во можност да го направат тоа, па останатите филмски работници кои беа дел од натпреварувачкиот дел од фестивалот бараа филмовите да бидат повлечени.

Почнувајќи од оваа година, Netflix ќе има право да ги прикажува оригиналните филмови на фестивалот во Кан, но тие нема да можат да се борат за престижната Златна палма.

K. Ѓозев

Курсеви

(MKD)

52.7945
61.495
53.3163
39.2162
70.1517
0.4793

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9902
EUR/USD
1.1648
GBP/USD
1.3288
USD/JPY
110.1492
EUR/CHF
1.1534
EUR/AUD
1.5681

Игри