image
Долгометражниот филм „Насоки“ на Стефан Командарев имаше премиера на Канскиот фестивал
 
2017-05-28 17:57:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Долгометражниот игран филм „Насоки“ на бугарскиот режисер Стефан Командарев, во кој Македонија учествува како земја копродуцент, беше прикажан во конкуренција на престижната програма „Извесен поглед“ (Un Certain Regard) на јубилејното 70. издание на Канскиот филмски фестивал, кој годинава се одржува од 17 до 28 мај.

Официјалната проекција на филмот „Насоки“ се одржа во салата „Дебиси“, каде присуствуваше актерската екипа на филмот заедно со режисерот Стефан Командарев, како и претставници од сите копродуцентски куќи - учесници во проектот заедно со фондовите кои истиот го финансираат.

Од Македонија на официјалната премиера присуствуваа Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од продуцентката куќа „Сектор Филм“, кои се јавуваат како македонски продуценти во проектот, директорката на Агенција за филм на Република Македонија, Мими Ѓоргоска Илиевска, како и претставници од Агенцијата за филм на Република Македонија. По премиерата на филмот во организација на сите земји копродуценти беше организирана коктел-забава, која се одржа во рамки на ЈИЕ павилјонот.

Мими Ѓоргоска Илиевска, Владимир Анастасов и Ангела Несторовска

Покрај официјалната премиера, филмот имаше две проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал на 19 и 22 мај. Во интерес на соодветна промоција на овој значаен успех, Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со продуцентската куќа „Сектор Филм“ обезбедија и рекламни објави во престижните магазини „The Hollywood Reporter“ на 18 мај и „Screen International“ на 24 мај.

„Насоки“ е филмски проект во кој Република Македонија учествува со малцински финансиски удел и е копродукција помеѓу „Арго Филм“ од Бугарија, „Актис Филм“ од Германија и „Сектор Филм“ од Македонија. Финансиски филмот е поддржан од Бугарскиот национален филмски центар, Регионалниот филмски фонд МДМ, Агенцијата за филм на Република Македонија, како и Европскиот филмски фонд Еуримаж.

Сцена од филмот „Насоки“

„Насоки“ е современа драма чие дејство се одвива во рамките на 24 часа, каде во шест такси возила се испреплетуваат судбините на група луѓе - херои од сегашната балканска реалност. Во тоа деноноќие сме сведоци на некои од реалните проблеми, па дури и апсурди на денешното општество на овие простори. Преку очите на таксистите и клиентите низ улиците, полека ја насетуваме шареноликоста на секојдневието, дури и со своите најтемни нијанси. Поединечните приказни се обединети од една смрт, која сепак ќе даде шанса за нов живот.

Покрај режијата на филмот, Стефан Командарев се потпишува и како сценарист на ова остварување, заедно со младиот талентиран драматург Симеон Венциславов. Македонскиот дел на авторската екипа ја сочинуваат костимографот Жаклина Крстевска и шминкерот Мартин Павловски, известија од Агенцијата за филм на Република Македонија.

К. Ѓозев

Курсеви

(MKD)

53.1306
61.4933
53.6123
37.8747
70.1658
0.4731

Валутен Пазар

USD/CHF
0.991
EUR/USD
1.1574
GBP/USD
1.3206
USD/JPY
112.3031
EUR/CHF
1.147
EUR/AUD
1.6236

Игри