image
Македонскиот филм „Тајната состојка“ ќе се прикаже на маркетот во Кан
 
2017-05-23 17:52:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Филмот „Тајната состојка“ во режија на Ѓорче Ставрески денес (23 мај) се прикажува на маркетот на Канскиот филмски фестивал. Проекцијата ќе се одржи во „Palais G“ и во организација е на меѓународниот продажен агент „WIDE Management“.

Филмскиот маркет „Marché du Film at Cannes“ е еден од најважните настани во филмската индустрија, на кој се среќаваат повеќе од 12.000 професионалци, вклучувајќи продуценти, дистрибутери, агенти и фестивалски претставници.

Продукцијата „Фрагмент филм“ склучи договор со реномираниот продажен агент „WIDE Management“ од Франција за продажба и дистрибуција на филмот „Тајната состојка“, кој е во завршна фаза на постпродукција. Во организација на „WIDE“, филмот имаше и две успешни проекции на Берлинскиот филмски маркет, кои резултираа со склучување на неколку меѓународни договори за кино и ТВ дистрибуција.

Играниот филм „Тајната состојка“ има трагикомична приказна: млад човек сака да му помогне на својот татко и се заплеткува во неочекувани и апсурдни ситуации. Главните улоги во филмот ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски. Продукцијата е на „Фрагмент филм“ од Скопје.

К.Ѓозев

Курсеви

(MKD)

53.1306
61.4933
53.6123
37.8747
70.1658
0.4731

Валутен Пазар

USD/CHF
0.991
EUR/USD
1.1574
GBP/USD
1.3206
USD/JPY
112.3031
EUR/CHF
1.147
EUR/AUD
1.6236

Игри