image
Берлинале: Златна мечка за унгарски љубовен филм
 
2017-02-19 11:52:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Унгарскиот љубовен филм „За телото и душата“ на режисерката Илдико Енједи ја освои Златната мечка на 67-от Берлински филмски фестивал. Приказната во филмот е сместена во локална кланица во Будимпешта, во која вработените работното време го поминуваат меѓу ладнокрвна рамнодушност и црн хумор.

Наградата за најдобар режисер и Сребрена мечка ја доби финскиот режисер Аки Каурисмаки за комедијата за бегалците „Од другата страна на надежта“. Наградата за најдобро сценарио ја доби чилеанскиот филм „Фантастична жена“ на Себастијан Лелио.

За Златна Мечка на 67-то Берлинале се натпреваруваа 18 филмски остварувања. Лани Златната мечка ја доби италијанскиот режисер Џафранко Рози за документарецот за мигрантите на Лампедуза.

Берлинскиот фестивал имаше и политичка конотација, со актери и уметници кои годинава го критикуваа претседателот на САД, Доналд Трамп. Актерот Ричард Гир на пример го критикуваше Трамп, оценувајќи дека поттикнува злосторства мотивирани од омраза и ксенофобија. Американската актерка Меги Џиленхол изјавила дека има граѓани на САД кои се подготвени да пруѓат отпор кон новиот претседател.

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин е основан во 1951 година, а од 1978 редовно се одржува секоја година во фервуари. Се смета за еден од најпосетените филмски фестивали со продадени 274.000 влезници годишно.

70 земји прикажаа 400 филма, меѓу кои и македонскиот „Кога денот немаше име“ на режисерката Теона Стругар Митевска.

Саша Станишиќ

Курсеви

(MKD)

53.9288
61.495
54.238
39.2438
68.8403
0.4876

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9943
EUR/USD
1.1403
GBP/USD
1.2765
USD/JPY
110.6005
EUR/CHF
1.1338
EUR/AUD
1.567

Игри