image
Претселекција за „Берлинале“ 2018 во Скопје
 
2017-11-16 17:18:00
 
  
 

Извор: HeadLines

Претселекцијата за 68. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Берлинале“, за филмови од земјите од регионот, се одржува во Скопје во период од 15 до 17 ноември во Скопје, информира Агенција за филм на Република Македонија.

Во Скопје деновиве гостуваат и двајца претселектори за филмскиот фестивал, Николај Никитин и Бернд Будер. Покрај селекторите, најавено е присуство и на претставници на националните институции за филм од земјите од регионот, чии филмови учествуваат на претселекцијата.

По повод одржувањето на претселекцијата во Македонија, Агенцијата за филм денеска во Кинотеката на Македонија организира средба на претселекторите со македонски етаблирани, но и млади автори.

С. Станишиќ

Курсеви

(MKD)

54.4927
61.495
54.6428
39.037
68.4495
0.4799

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9973
EUR/USD
1.1285
GBP/USD
1.2561
USD/JPY
113.5501
EUR/CHF
1.1254
EUR/AUD
1.5753

Игри