image
Alcatel го претстави телефонот со секундарна камера од предната и задната страна!
GSM.mk
Можеби го знаете Alcatel како бренд кој произведува буџетни телефони од средната класа. Затоа, можеби ќе ве изненади фактот што компанијата претстави уред со две камери од предната и задната страна!.Уредот е познат под името Alcatel Flash и ќе биде достапен само на средниот Исток. Сеуште не постојат официјални изјави за неговото претставување, ниту за неговата цена.Сепак, телефонот доаѓа со MediaTek Helio X20, заедно со 3GB RAM и меморија од 32GB. Има 5.5 инчен 1080p IPS LCD дисплеј и батерија од 3100mAh. Скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа на задната страна и подржува две SIM картички. Ова е првиот модел кој ќе доаѓа со секундарни камери и на предната и на задната страна. Задните камери ќе бидат со 13 мегапиксели, додека предните ќе бидат од 8 и 5 мегапиксели.

Курсеви

(MKD)

54.8321
61.4942
55.8683
38.6464
68.3497
0.5081

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9815
EUR/USD
1.1215
GBP/USD
1.2465
USD/JPY
107.916
EUR/CHF
1.1007
EUR/AUD
1.5912

Игри