image
Погледнете ги нови фотографии од Galaxy S8 во црна, сива и виолетова варијанта!
GSM.mk
Новиот твит на Evan Blass открива три нови варијанти од Galaxy S8 во различни бои и неговата цена во евра!.Трите варијанти се познати под имињата: Black Sky, Orchid Grey и Arctic Silver. Официјалните опции за боите на уредот ќе бидат најавени на 29 март, а телефонот ќе биде претставен на 28 април. горен ред: Galaxy S8 Black Sky, Orchid Grey, Arctic Silver; Долен ред: Galaxy S8+ Black Sky, Orchid Grey, Arctic SilverСпоред најновите информации, S8 доаѓа со 5.8 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1440 x 2960 пиксели. Под хаубата ќе се наоѓа Exynos 8895 или Snapdragon 835 процесор, заедно со 4GB RAM и 64GB меморија. Камерите ќе бидат од 12 и 8 мегапиксели и батеријата од 3000mAh.Galaxy S8 Plus ќе има поголем, 6.2 инчен дисплеј и батерија од 3500mAh. Двата доаѓаат со скенер за отпечатоци и iris скенер.Инаку, покрај сликите, Blass ги најави и цените во евра. Galaxy S8 ќе биде 800 евра, а S8 Plus ќе биде 900 евра. Има заинтересирани? :)

Курсеви

(MKD)

52.2729
61.5304
54.145
41.3316
67.0924
0.478

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9654
EUR/USD
1.1771
GBP/USD
1.2835
USD/JPY
109.3575
EUR/CHF
1.1364
EUR/AUD
1.4887

Игри