image
Ванхауте: Во Македонија е забрането и да се спомне федерализација, но тоа не претствува зло
Фактор
Да, во Македонија е забрането и да се спомне зборот федерализација, пишува белгискиот дипломат Питер Ванхауте во текстот со наслов „Забранетиот збор - федерализација“, објавен на интернет-блог.  Додава дека ако, сепак, го сторите тоа, ве обвинуваат дека сте противник, некој кој е против државата и кој сака да ја подели земјата. Објаснува дека тоа неодамна се случи со СДСМ и со платформата на албанските партии. Ванхауте смета дека таквите обвинувања им користат на оние кои владеат авторитативно. „Но, треба да погледнеме зошто федерализацијата не претставува зло, дури и за држава како што е Македонија. Во светски рамки, 40% од населението живее во држави со федеративна структура. Меѓу таквите држави се големите САД и Индија, како и малите Белгија и Австрија. Повеќето од федералните држави се стабилни и не се склони кон распаѓање“ - пишува Ванхоуте.Тој наведува дека федерализацијата се користи за решавање на конфликти. Според него,  голема предност е што заедниците можат да добијат еднакви права од централната власт. „Од 2001 година, Македонија дефакто има некои карактеристики на федерална држава, со прифаќањето дека владата се формира помеѓу една партија од најбројната заедница и една партија од втората најбројна заедница. Но, ова не ги решава сите проблеми“ - смета Ванхауте. Без разлика на сугестиите на некои политички лидери и партии во Македонија, државата нема да се распадне со прифаќање на фактот дека сите граѓани се еднакви. Државата нема да исчезне со признавање на вториот јазик, пишува Ванхауте. Ванхауте уверува дека Македонија би можела да има корист од прифаќање на фактот дека сите граѓани се еднакви.Тој многу пати досега своите ставови за случувањата во Македонија ги објавуваше на Твитер. 

Курсеви

(MKD)

54.6088
61.495
54.0948
39.3492
70.7246
0.4792

Валутен Пазар

USD/CHF
1.0095
EUR/USD
1.1261
GBP/USD
1.2951
USD/JPY
113.9583
EUR/CHF
1.1368
EUR/AUD
1.5628

Игри