image
НБА лига: Голден Стејт се врати по негатива од 16 поени
Сител
Кошаркарите на Голден Стејт по двата пораза ја прекинаа низата откако ноќеска ја победија Филаделфија. Тие беа на прагот на нов пораз откако во финишот на третиот период беа во негатива од 16 поени (74:90). Сепак предводени од Стеф Кари, кој на денот на својот 29-ти роденден постигна 29 поени, а одлична соработка имаше од Клеј Томсон кој постигна 28 поени. На другите ноќеска одиграни натпревари Расел Вестбрук од Оклахома Сити го запиша 33-тиот „трипл дабл“ сезонава во победата на својот тим над Јута - 25 поени, 19 асистенции и 12 скока. За само 26 минути минати на теренот Леброн Џејмс го забележа 52.иот „трипл-дабл“ во кариерата - 16 поени, 11 скокови и 12 асистенции. Добрата игра во одбрана им донесе победи на Њујорк против Индијана и на Њу Орленас против Портланд. Индијана постигна само 29 поени во второто полувреме, а Портрланд имаше скромни 30% шут од поле.   Резултати: Голден Стејт - Филаделфија 106:104, Њу Орлеанс - Портланд 100:77, Њујорк - Индијана 87:81, Бруклин - Оклахома Сити 104:122, Кливленд - Детроит 128:96.

Курсеви

(MKD)

54.1678
61.5021
54.1058
38.5134
70.8468
0.4893

Валутен Пазар

USD/CHF
1.0011
EUR/USD
1.1354
GBP/USD
1.3079
USD/JPY
110.7047
EUR/CHF
1.1367
EUR/AUD
1.5969

Игри