image
Русија ќе почне со освојување на Месечината
Сител
Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека почнала најново регрутирање на космонаути и додаде дека ќе бидат избрани првите, кои ќе чекорат по Месечината.  Роскосмос бара шест до осум професионални космонаути, кои ќе бидат пилоти на новиот вселенски брод „Федерација“ и ќе работат на Меѓународната вселенска станица.  Кандидатите можат да се пријават во текот на следните четири месеци и нема да има дискриминација врз основа на бојата на кожата или полот, изјави претставникот на Роскосмос, Сергеј Кријалев. Според него, кандидатите мора да имаат повеќе од 35 години, висина од 1,50 до 1,90 метри и тежина која не надминува 90 килограми.  Неопходно е познавање на информатика, англиски јазик и искуство во воздухопловството и воздухопловната индустрија. Русија планира првите летови за Месечината да ги реализира до 2031 година. 

Курсеви

(MKD)

54.9667
61.4913
55.0258
37.6117
68.7822
0.5079

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9989
EUR/USD
1.1187
GBP/USD
1.2513
USD/JPY
108.2235
EUR/CHF
1.1175
EUR/AUD
1.6349

Игри