image
Велосипедист повреден во сообраќајка во Скопје
Сител
Еден возач на велосипед се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три незгоди три лица се полесно повредени, а во осум е причинета материјална штета. Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 19 возачи  кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 17 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 28 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се и 78 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 50 возила.  Денеска Одделението за превенција заедно со Училишната сообраќајна единици ќе преземат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на општина Карпош, поточно на сообраќајниците кои гравитираат околу ТЦ „Сити мол“.

Курсеви

(MKD)

53.8992
61.4936
54.2224
39.1056
69.0086
0.4765

Валутен Пазар

USD/CHF
0.994
EUR/USD
1.1409
GBP/USD
1.2803
USD/JPY
113.1148
EUR/CHF
1.1341
EUR/AUD
1.5725

Игри