image
Што влијаеше врз финансискиот биланс на Витаминка?
Фактор
Како најголем кондиторски производител во Македонија и со најголемо производно портфолио, голем дел од суровините Витаминка ги набавува од извоз. Тоа значи дека потребните состојки ги набавува по цени на странските пазари и најчесто диктирани од странските берзи. Ова посебно се однесува на цената на какаото, што е една од основните состојки во производите на Витаминка. На светските берзи, цената на какаото во 2016 година забележа раст од 8% во однос на 2015 година. Во превод тоа значи дека трошоците на компанијата за производство директно се зголемени за 8%. Исто така, големо влијание врз работата и трошоците како и крајниот биланс од работењето на Витаминка, има шеќерот. Во 2016 година цената на шеќерот беше посебно немирна и имаше раст за фантастични 22% проценти, само во споредба со 2015 година. Скок на цената за 22% за суровина што компанијата го користиво една третина од своите производи како чоколада, кремови, чоколадирани производи, кекси, е многу важен и влијателен фактор што може да предизвика тектонски пореметувања на компаниските трошоци и расходи. Вообичаено, ваквите околности и раздвижувања на цената на суровините предизвикуваат покачување на цената на крајниот производ, онаа цена што ја плаќа потрошувачот, но тоа не е случајот со производите на Витаминка. Во намалувањето на добивката на Витаминка имаа влијание и други фактори, како зголемениот обем на инвестиции посебно новата производна линија за чоколадирани производи и новиот магацин, како и прилагодување на производството за воведување на нови производни стандарди што за цели 12% се одрази врз амортизацијата на материјалните средства. Според објавените и достапни информации, 2016 година беше пресвртна година за Витаминка и тоа во позитивен аспект. Во овој календарски периодВитаминка прослави 60 години успешно  постоење и работење.Факт кој ја цементира лидерската позиција на домашниот кондиторски пазар, но исто така и изразено во бројки и проценти ги зголеми трошоците за сметка на реклама и репрезентација на компанијата во однос на 2015 година за 3%. Врз конечниот годишен финансиски биланс на компанијата имаа и се одразуваа состојби од претходните години. Така што, во 2015 година Витаминка имаше вонреден приход од продажба на хотелот во Охрид, што претставуваше значајна инјекција во билансот за таа година. Еднократноста на овој приход изостанува во 2016 година што продуцира со евидентно намалување на приходите за 42% и намалување на добивката на друштвото. Несомнено Витаминка бележи пораст на активата во 2016 година во однос на 2015 година, што во иднина треба да придонесе за пораст на приходите на друштвото и покрај забележаниот пад на добивката во годишниот биланс. Сепак компанијата останува посветена на поставување високи таргети и надминување на сопствените цели, а трендот на инвестирање за Витаминка продолжува со несмалено темпо и во 2017 година.

Курсеви

(MKD)

52.1301
61.4875
52.5714
39.3344
68.7857
0.4629

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9916
EUR/USD
1.1795
GBP/USD
1.3195
USD/JPY
112.6163
EUR/CHF
1.1696
EUR/AUD
1.5632

Игри