image
Каде ќе ја подари Трамп претседателската плата?
Кајгана
Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја подари претседателската плата кон крајот на годината и побара од медиумите да му помогнат во одлуката каде да ги донира парите. Трамп планира да ја донира платата во висина од 400.000 долари и ќе им дозволи на медиумите да одлучат каде ќе завршат тие пари, рече портпаролот на Белата куќа Шон Спејсер. Иако новинарите се изнасмеаја на ваквата изјава на прес-конференцијата, Спејсер рече дека барањето е сериозно. „За да избегнеме преиспитување, ќе дозволиме медиумите да одлучат каде ќе одат парите од платата“, рече Спејсер. Подарувањето на платата во добротворни цели беше едно од ветувањата на Трамп во неговата предизборна кампања, потсети Спејсер. Свет

Курсеви

(MKD)

52.2339
61.495
54.4686
37.9904
68.7402
0.4639

Валутен Пазар

USD/CHF
0.959
EUR/USD
1.1773
GBP/USD
1.316
USD/JPY
112.5973
EUR/CHF
1.129
EUR/AUD
1.6187

Игри