image
Планот за замена на Обамакер може да остави 24 милиони Американци без здравствено осигурување
Сител
Предложената замена на законот за здравствена заштита, усвоен за време на владеењето на претходниот американски претседател Барак Обама би заштедила пари до 2026 година, но може да остави 24 милиони лица во САД без здравствено осигурување, нагласи во извештај Службата за буџет на Конгресот. Според Службата, законот, кој го предложија републиканците, како замена за Обамакер би заштедил 337 милијарди долари државни трошоци меѓу 2017 и 2026 година. Тој сепак може да остави до 2018 година 14 милиони Американци без здравствено осигурување, а до 2026 година - 24 милиони. Владата на Трамп ги отфрли оценките на Службата за буџет, а министерот за здравство и хуманитарни прашања, Томас Прајс изјави дека извештајот е „едноставно погрешен“ и нагласи дека во него не се земаат предвид ефектите на дополнителните законски мерки, преземени од републиканците и регулаторните измени, планирани од Владата.

Курсеви

(MKD)

54.6088
61.495
54.0948
39.3492
70.7246
0.4792

Валутен Пазар

USD/CHF
1.0095
EUR/USD
1.1261
GBP/USD
1.2951
USD/JPY
113.9583
EUR/CHF
1.1368
EUR/AUD
1.5628

Игри