image
Тројца атентатори самоубијци планирале напад врз мол во германскиот град Есен
Сител
Тројца осомничени атентатори самоубијци планирале напад врз трговски центар во Германија, со активирање на експлозиви што ги носеле во ранци, пренесе ДПА, повикувајќи се на весникот „Велт“. Осомничените атентатори планирале да извршат напад во трговски ценатр во градот Есен. Поради заканата од бомбашки напад, во текот на изминатиот викенд трговскиот центар беше затворен. Според информациите на германскиот весник, главен организатор на планираниот напад бил Имран Реме К. од градот Оберхаузен. Полицијата претпоставува дека 24-годишниот маж во текот на 2015 година отпатувал за Сирија, преку Турција за да ја поддржи групата Исламска држава. Обвинителството во Диселдорф потврди дека нападот бил планиран од 24-годишен маж од Оберхаузен, кој го имал определено точното време и место на нападот. Германските власти во саботата наредија трговскиот центар да биде затворен, откако полицијата го обезбеди комплексот. По проверките молот повторно беше отворен за посетители. Полицијата соопшти дека две лица, кои биле приведени во истрагата за случајот, во меѓувреме биле ослободени. 

Курсеви

(MKD)

54.16
61.4933
54.2939
38.6192
69.8787
0.4949

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9975
EUR/USD
1.1354
GBP/USD
1.2902
USD/JPY
109.4362
EUR/CHF
1.1326
EUR/AUD
1.5923

Игри