image
Ангела Меркел денеска во Берлин го пречекува српскиот премиер Александар Вучиќ
Сител
Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска попладне во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, потврди Танјуг, повикувајќи се на изјава од кабинетот на премиерот. Нивниот десетти состанок, претходно планиран за петок, 17 март, е поместен нанапред бидејќи во меѓувреме беше одложена средбата на германската канцеларка со американскиот претседател Доналд Трамп. Теми на разговор меѓу Вучиќ и Меркел ќе бидат билатералните односи, регионалните прашања, европската политика и економија, како и мигрантската политика, претходно изјави заменик портпаролот на германската Влада Улрике Демер. Станува збор за најактуелните прашања, особено за регионот на Западен Балкан, но и прашањата што деновиве се наоѓаат на агендата на највисоките европски институции во Брисел. Меркел ја откажа посетата на Вашингтон, каде требаше да се сретне со Трамп, заради брзото напредување на зимската бура која се очекува да го погоди североистокот од САД. 

Курсеви

(MKD)

52.7085
61.495
54.4011
38.1743
69.2433
0.4696

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9689
EUR/USD
1.1667
GBP/USD
1.3137
USD/JPY
112.2413
EUR/CHF
1.1304
EUR/AUD
1.6109

Игри