image
Како човек од верата не можам да премолчам или да замижам пред неправдата
Пресс24
На оние што милуваат да го цитираат членот 19 од Уставот на РМ, најчесто злуопотребувајќи и манипулирајќи го неговиот контекст и суштинско значење, би требало во иднина задолжително да го допишат и членот 16 од истиот Устав, во кој јасно и недвосмислено се гарантираат слободата на уверувањето, јавното изразување на мислата, слободата на говорот и јавниот настап на граѓанинот. Сметам дека се врвни лицемери оние што ми го забрануваат моето лично мислење, цитираат дека црквата и верските заедници се одвоени од државата, а потоа во ист момент премижуваат кога на некој македонски медиум оџа од скопските џамии потпишан како експерт ќе произнесува пристрасен политички став и анализа. Истите овие лицемери премижуваат и тогаш кога оџите и исламските богослови стануваат високи функционери на партиите и невладините организации, активно се занимаваат со политика, заземаат политички страни, протестираат по улиците, па дури стануваат и пратеници во македонското Собрание. Мнозина од овие умислени креатори на јавно мислење се докажани морални расипници, себични и умислени величини, ситни трговци со националните интереси, бесрамни парољубци, кои и родената мајка би ја продале за еден единствен денар.

Курсеви

(MKD)

54.6819
61.4898
53.6092
38.8831
71.1276
0.4887

Валутен Пазар

USD/CHF
1.02
EUR/USD
1.1245
GBP/USD
1.3008
USD/JPY
111.8926
EUR/CHF
1.147
EUR/AUD
1.5814

Игри