image
Скопјани мрднаа со прст и во голем број донираа за бездомниците во Скопје
Фактор
Голем број на граѓани во текот на викендот донираа ќебиња, чиста облека, обувки, душеци за спиење, прибор за јадење и хигиенски средства за бездомниците на пунктот на Мрдни со Прст во Скопје Сити Мол. Пакетите со донации денес беа  доставени во Социјалниот центар „Дуња“ кој што обезбедува помош и вдомување на бездомници кои немаат каде да се засолнат од поларните температури кои што ја зафатија нашата држава.„Се приклучив на акцијата и донирав облека за лицата кои во овие ладни денови немаат покрив над главата. Откако дознав за акцијата на Мрдни со Прст веднаш се упатив во Скопје Сити Мол и донесов облека и обувки. Нема сомнение дека на бездомниците им е потребна помош и вакви акции ги потсетуваат граѓаните дека треба да бидеме хумани и меѓусебно да си помагаме.“ - изјави еден граѓанин кој донираше на пултот на Мрдни со Прст.Пултот за донации на „Мрдни со прст“ беше отворен викендов, но донирањето продолжува во просториите на Социјалниот центар „Дуња“ на ул. Рајко Жинзифов бр 22 (спроти градежен факултет). Исто така секој може да помогне и со лоцирање на бездомник и негово пријавување на страната на Мрдни со прст: http://mrdnisoprst.mk/ или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst. Врз основа на пријавите волонтерите од Социјалниот центар Дуња ќе реагираат и ќе помогнат во згрижувањето на пријавените бездомни лица.

Курсеви

(MKD)

54.1938
61.4883
53.7908
39.3575
69.5963
0.479

Валутен Пазар

USD/CHF
1.0075
EUR/USD
1.1346
GBP/USD
1.2842
USD/JPY
113.1395
EUR/CHF
1.1431
EUR/AUD
1.5623

Игри