image
HTC U Play: 5.2 инчен уред кој доаѓа на пролет!
GSM.mk
HTC ја започна новата година на релативно позитивна нота, претставувајќи два нови уреда: 5.7 инчниот HTC U Ultra и 5.2 инчниот HTC U Play!.HTC U Play доаѓа со MediaTek Helio P10, 3GB RAM и 32GB меморија. Има 16 мегапикселна камера со авто-фокус на задната страна и селфи камера, истотака, со 16 мегапиксели. Иако камерата е поголема од онаа на U Ultra, има полош квалитет поради помалите пиксели. Работи на батерија од 2500mAh.Уредот доаѓа со Sense Companion, новиот виртуелен асистент на HTC, сличен на Siri. Исто како и другите виртуелни асистенти, со Sense Companion ќе може да комуницирате и да добиватe информации за прашања кои ве интересираат, како временска прогноза, закажани настани и слично.Компанијата ќе се ослободи од 3.5 милиметарскиот приклучок за слушалки, а неговата функција ќе ја превземе USB Type-C порталот. Ќе биде достапен во сина, црна, розева и бела варијанта. Цената е сеуште непозната, но ќе се појави на пролет.

Курсеви

(MKD)

54.6877
61.5783
54.3019
38.885
70.0231
0.4948

Валутен Пазар

USD/CHF
1.0071
EUR/USD
1.126
GBP/USD
1.2804
USD/JPY
110.5249
EUR/CHF
1.134
EUR/AUD
1.5836

Игри