image
Доделени награди за најубаво новогодишно украсување во Гази Баба
Сител
Општина Гази Баба и оваа година избра најубаво новогодишно декорирани дворови, тераси, училишта и градинки. Награда за најубаво украсена тераса доби Васил Локордов од населба Автокоманда, за најубаво украсен двор Ивица Павловски од населба Ченто и Наташа Стојановска од населено место Трубарево, а за најубаво украсено основно училиште - ОУ„Кирил и Методиј“ населено место Стајковци. За најубаво украсен објект признание доби градинката „Детска Радост“ објект „Мимоза“, а за најубаво украсен објект од градинката „25 МАЈ“ e објектот „Детелинка“. Целта на доделувањето на наградите, како што соопштија денеска од општина Гази Баба, е заеднички да придонесат за посвечен изглед на општина во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Комисија составена од администрацијата ги посетила сите пријавени, од кои биле избрани најубавите и најуспешни декорации. Наградите ги додели градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски. 

Курсеви

(MKD)

50.2848
61.5436
52.3152
40.2588
69.8645
0.4537

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9612
EUR/USD
1.2239
GBP/USD
1.3894
USD/JPY
110.8327
EUR/CHF
1.1764
EUR/AUD
1.5287

Игри