image
Постар човек загина во сообраќајната незгода на патот Кичево-Гостивар
Кајгана
Познат е идентитетот на човекот кој трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа штоп вчера се случи на патот Кичево-Гостовар, во близина на патот за селата Колибари и Длапкин Дол. Несреќата се случила кога сега починатиот Шеза Ј. (76) од селото Колибари, кичевско, управувајќи автомобил „Мерцедес“, сакал од локален да се вклучи на магистрален пат, по што на него налетало возило „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.А. (22) од с.Премка, кичевско.  Во незгодата со повреди се здобил Ш.Ј.  на кого медицинска помош му била укажана во Медицински центар Кичево, од каде е препратен во Ургентен Скопје,  но транспортот поради нагло влошена состојба е прекинат и се упатиле кон МЦ- Гостивар, каде истиот починал.  Извршен е увид на местото на сообраќајката, во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево.  Хроника

Курсеви

(MKD)

54.8575
61.4898
53.8628
38.6194
71.0454
0.4906

Валутен Пазар

USD/CHF
1.0185
EUR/USD
1.1209
GBP/USD
1.2951
USD/JPY
111.8172
EUR/CHF
1.1416
EUR/AUD
1.5922

Игри