image
Звучници за богатите фанови на Lamborghini
GSM.mk
Lamborghini е бренд познат по своите врвни спортски автомобили, а сега на пазарот за прв пат пласираа и звучници со нивно лого. Во соработка со компанијата iXOOST, автомобилскиот бренд направи скапоцени звучници со дизајн инспириран од моделот Aventador..Освен што стилски потсетуваат на задниот дел на тој суперавтомобил, во текот на нивната изработка, користени се истите стандарди кои важат за популарниот модел.Италијанската компанија тврди дека се употребени истите материјали од кои се прави автомобилот - како карбонскиот материјал од кој го прават автомобилот, како и оригиналните цевки од издувниот систем.Звучниците ќе можат да се поврзат преку Bluetooth или пак преку аналоген приклучок. Тие испорачуваат звук од 800 вати во виртуелен 6.1 сараунд систем.Целиот систем е рачно изработен, а кога ќе се земат во предвид материјалите и логото на Lamborghini, не е ни чудо што нивната цена изнесува 24.000 долари, што е посакпо од еден квалитетен фамилијарен автомобил.Извор: kajgana.com

Курсеви

(MKD)

52.5733
61.495
54.6865
37.8571
69.1266
0.4687

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9614
EUR/USD
1.1697
GBP/USD
1.3149
USD/JPY
112.1683
EUR/CHF
1.1245
EUR/AUD
1.6244

Игри