image
Се повеќе iPhone 6 уреди имаат проблеми со батериите!
GSM.mk
Apple веќе започна со замена на одредени верзии од iPhone 6. На почетокот, компанијата нудеше бесплатна замена за одредени верзии од смарфтонот. Но, сега работите се променија....Apple вршеше замена на верзии од смартфонот кои беа произведени во периодот меѓу септември и октомври 2015-та година. Уредите кои го имаат проблемот се исклучуваат наеднаш откако батеријата ќе им падне од 30% на 0%  во една секунда. Доколку го ставите телефонот да се полни, батеријата веднаш се враќа на 30%. Компанијата изјави дека проблемот се случил при производството, бидејќи голема количина на воздух влегла во батериите.Сега, Apple изјави дека бројот на уреди со ваков проблем бил поголем од очекувано. Дел од смартфони кои не биле произведени во конкретниот период истотака се исклучувале. Иако ненадејното гаснење на телефонот е нормално при одредени услови (ако е премногу топло, премногу ладно итн...) за телефонот да ги заштити внатрешните делови, компанијата планира да испрати нов update на софтверот за да собере повеќе информации за проблемот. 

Курсеви

(MKD)

54.1275
61.4997
54.2182
38.7058
69.6486
0.4936

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9983
EUR/USD
1.1362
GBP/USD
1.2868
USD/JPY
109.6586
EUR/CHF
1.1343
EUR/AUD
1.5889

Игри