image
Долгорочна прогноза на УХМР: Доаѓа потопла зима но со повеќе снег од просекот!
Сител
Првиот снег вчераутро побеле повеќе града во Македонија и н` предупреди дека сме на прагот од зимата, за која хидрометеоролозите прогнозираат дека ќе биде со повисоки температури од просечните зими, но и со повеќе врнежи. Првиот снег на патиштата вчера беше причина и за првите забрани за тешки возила на неколку патни правци.   - Блага зима со поголема веројатност за повисоки температури и повеќе врнежи од просекот н` очекува годинава. Предвидувањата за климатските изгледи за зимата 2016/2017 се базираат на динамички модели, статистички модели и телеконекции на климатски карактеристики од поголеми размери. Моментните анализи на движечките фактори преточени преку голем број глобални компјутерски модели за предвидување го покажуваат најверојатното климатско сценарио за оваа зима, односно блага зима со поголема веројатност за позитивни отстапувања на температурата и врнежите - информираа вчера од Управата за хидрометеоролошки работи.   Температурниот режим за ова тримесечје се очекува да има позитивно отстапување од многугодишниот просек 1981-2010 година, сепак помало во однос на минатата зима.    - Променливиот режим на врнежите секогаш има поголеми несигурности за предвидување, а за оваа зима се очекува благ пораст на количествата. Во овој период постои поголема веројатност за појава на краткотрајни продори на студен континентален воздух, како и поголема веројатност за појава на интензивни и краткотрајни врнежи - велат хидрометеоролозите.   УХМР напоменува дека сезонската тримесечна прогноза не може да обезбеди детаљни информации за интензивни краткотрајни временски непогоди како зимски бури, екстремно студени периоди, екстремно влажни и слично. За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подетаљните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи.   По вчерашните врнежи, синоптичарите за наредниве денови прогнозираат стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температурата. Денеска и утре наутро ќе биде многу студено со температури од минус 10 до минус 4 Целзиусови степени.   Врнежите завчераноќ и вчера формираа снежна покривка од 10 сантиметри во Маврово, во Kрушево и во Берово 4, Пожаране 3, Претор, Лазарополе и Kрива Паланка 2 и еден сантиметар снежна покривка беше формирана во Демир Kапија, Штип, Виница, Тополчани и Ѓуриште.    Најниска температура од минус 10 степени вчераутро беше измерена во Маврово, минус 7 во Kрушево, минус 6 во Лазарополе, минус 5 во Пожаране и Ѓуриште, минус 4 во Тополчани и Берово, минус 2 во Kрива Паланка, Прилеп, Виница, Охрид и Дебар, минус 1 во Тетово, Битола и Претор. Темпетарура од 0 степени вчера беше измерена во Штип и во Скопје, а 1 во Струмица, Демир Kапија, Петровец, 2 во Дојран и 3 во Гевгелија.   Вчераутро беше облачно и студено речиси насекаде со врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во текот на ноќта врнежите од дожд поминаа во снег и на пониските места. Умерен северен ветер, особено во Штипскиот Регион и северниот дел на Повардарјето, на моменти достигнуваше брзина од 40 км/час.

Курсеви

(MKD)

52.1301
61.4875
52.5714
39.3344
68.7857
0.4629

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9916
EUR/USD
1.1795
GBP/USD
1.3195
USD/JPY
112.6163
EUR/CHF
1.1696
EUR/AUD
1.5632

Игри