image
Како да одблoкирате блoкиран телефон?
GSM.mk
Телефоните често имаат батерија која не можете да ја извадите самостојно. Тоа значи и дека нема да можете да ја извадите кога телефонот ќе се „замрзне" или блокира..Во вакви случаи, на располагање ви е комбинација на копчиња која активира soft reset, односно ресетирање на телефонот без губење на податоците или бришење на апликациите и другите содржини во меморијата. За секој модел на телефон комбинациите се различни, но постојат само неколку шеми кои ќе ги наброиме за сите три најпопуларни платформи:Како да одблокирате Android телефон:- Држете го Power копчето десетина секунди и почекајте уредот да завибрира.- Држете го Power копчето заедно со Volume Down копчето десетина секунди и почекајте уредот да завибрира. - Држете го Power копчето заедно со Volume Down копчето десетина секунди и почекајте уредот да завибрира. - Доколку ништо од ова не му помага на вашиот Android телефон, консултирајте се со упатството или онлајн, или обратете му се на производителот.Како да одблокирате iPhone:- Држете го копчето за заклучување на екранот и Home копчето, додека телефонот не завибрира и не се ресетира.Како да одблокирате Windows Phone/10 телефон:- Држете го Power копчето 15-тина секунди, додека телефонот не завибрира и не се ресетира.Извор: kajgana.com

Курсеви

(MKD)

54.1938
61.4883
53.7908
39.3575
69.5963
0.479

Валутен Пазар

USD/CHF
1.0075
EUR/USD
1.1346
GBP/USD
1.2842
USD/JPY
113.1395
EUR/CHF
1.1431
EUR/AUD
1.5623

Игри