image
Како да направите гејминг соба во вашиот дом?
GSM.mk
Идеалната соба за гејмање може да биде различна за секого, меѓутоа поставувањето на истата во вашиот дом може да биде многу поедноставно отколку што мислите. Прочитајте кои се најважните елементи при правење одлична гејминг соба за дружење и уживање..Поставете го екранотПокрај вашата конзола за игри, најважниот елемент во вашата гејминг соба е телевизорот. Доколку сакате да постигнете подлабок контраст на сликата и да одбегнете сецкање при движењата, одлучете се за Ultra HD телевизор како овој. Доколку пак сакате посветла и поостра слика со јаки бои, одлучете се за Super UHD телевизор со 4к резолуција и премиум систем за звук.Најдете ги сите продавници за видео и аудио опрема на македонскиот пазар тука.Направете го просторот удобенОдлучете се на кој начин најдобро да го организирате просторот за седење во собата. Доколку сакате да ја уредите собата како простор за дружење, одлучете се за голема и удобна гарнитура која би можела да собере повеќе луѓе. Доколку пак, располагате со помал буџет, одлучете се за лесни и удобни фотелји на дување како овие или пак, големи перници на коишто може удобно да се смести поголема група на луѓе. Декорирајте го просторот со испечатени слики на платно со ликови од вашите омилени видео игри или пак поставете ја вашата колекција на видео игри.Поставете добро озвучувањеЗа максимално уживање во вашата гејминг соба, погрижете се одличната слика да биде надополнета и со одличен звук. Ова може да се постигне преку поставување на сараунд систем во собата или пак добар звучник за телевизори. Доколку живеете заедно со други луѓе на кои може да им пречат гласните звуци, одлучете се за квалитетни слушалки коишто може да се поврзуваат со лаптоп компјутер, MP3 плеер или пак имаат опција за поврзување преку Bluetooth.Најдете ги сите продавници за озвучување и опрема тука. КаблиПогрижете се сите елементи во собата да бидат уредно и квалитетно поврзани со помош на соодветните аудио и видео кабли и приклучоци. Најдобар и најчесто употребуван избор за ова се HDMI каблите.  Доколку ви се потребни други додатоци, кликнете тука и најдете повеќе производи од областа на електроника, компјутерска и мобилна технологија.Откако ќе ги поставите сите потребни елементи за вашата гејминг соба, викнете ги пријателите и започнете со забавата. Извор: kajgana.com

Курсеви

(MKD)

54.8575
61.4898
53.8628
38.6194
71.0454
0.4906

Валутен Пазар

USD/CHF
1.0185
EUR/USD
1.1209
GBP/USD
1.2951
USD/JPY
111.8172
EUR/CHF
1.1416
EUR/AUD
1.5922

Игри