image
Microsoft го претстави фенси компјутерот Surface Studio
GSM.mk
Microsoft го претстави своето се-во-еден решение за десктоп компјутер со екран осетлив на допир, на настанот што се одржа во Њујорк. Surface Studio е неверојатно тенок и убав модел кој е наменет за креативците..Една од главните одлики е неговиот подвижен екран, кој може речиси целосно да се легне на масата за работа, во позиција која е идеална за цртање на него. Во пакет со компјутерот доаѓа и Surface Pen, како и Surface Dial кој може да се користи за неколку интересни намени во текот на работењето, како што е изборот на бои од палетата во апликацијата за цртање. По декември оваа алатка ќе се продава посебно, по цена од 99 долари. Срцето на компјутерот е во коцката која служи како база за екранот. Во таа коцка има i5 или i7 процесор со четири јадра, можност за до 32 GB RAM, како и 2.1 аудио систем. Само еден кабел излегува од базата, а тастатурата и глувчето се безжични. Екранот има дијагонала од 28 инчи, како и 3:2 размер, осетлив е на допир и има дебелина од само 12,5 милиметри. Цената почнува од 2.999 долари, а посилниот модел ќе чини 4.199 долари.Извор: kajgana.com

Курсеви

(MKD)

52.5733
61.495
54.6865
37.8571
69.1266
0.4687

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9614
EUR/USD
1.1697
GBP/USD
1.3149
USD/JPY
112.1683
EUR/CHF
1.1245
EUR/AUD
1.6244

Игри