image
Експлозија на iPhone 7 уништила автомобил?
GSM.mk
По целото фијаско со Note 7 уредите, сите внимаваат на Apple, чекајќи потенцијален дефект во новиот iPhone 7, кој ќе ја ресетира Samsung vs Apple таблата..Без разлика на чија страна сте, новите информации за експлодиран iPhone 7 дефинитивно се вознемирувачки. Додека Mat Jones бил на лекции по сурфање го оставил својот iPhone 7, стар една недела, во неговиот автомобил. Кога се вратил целиот автомобил бил исполнет со црн чад. Наводно, предизвикувачот на пожарот бил неговиот телефон.Корисникот изјавил дека телефонот не бил оштетен во минатата недела и дека биле користени само Apple производи за неговото полнење. Компанијата вели дека е свесна за инцидентот и дека сеуште истражува.Секако, помислата дека телефонот бил оставен на преголема топлина на плажата е можна. Но, ако бил покриен со облека, како што вели клиентот, дали навистина требало да експлодира?Ова е вториот инцидент со експлодиран iPhone 7, но во првиот случај телефонот бил механички оштетен што предизвикало батеријата да се прегрее.

Курсеви

(MKD)

52.5733
61.495
54.6865
37.8571
69.1266
0.4687

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9614
EUR/USD
1.1697
GBP/USD
1.3149
USD/JPY
112.1683
EUR/CHF
1.1245
EUR/AUD
1.6244

Игри