image
Како да ги исклучите Facebook Live Video нотификациите?
GSM.mk
Очигледно Facebook смета дека најдобриот начин на промовирање на опцијата Live Video е постојано да им праќа известувања на корисниците за истата. Па како да го спречите ова?.Сигурно следите стотици пријатели, брендови, музичари, медиуми и други страници на оваа социјална мрежа, па ако секој од нив прави Live Video често, Facebook сигурно ви здосадува со нотификации за истото. Ова нервира, особено пријатели што ја откриле опцијата и мислат дека е кул да стримаат како дремат дома или шетаат во градскиот парк, што сите добро знаеме како изгледа.Па како да ги исклучите Live Video нотификациите?На гореното мени, во десниот агол на Facebook, кликнете го превртеното триаголниче и одберете Settings. Кога ќе ви се отвори ова мени, од лево одберете Notification, од каде може да смените какви нотификации ви пристигаат на различните уреди на кои го користите Facebook.Кликнете на првото, On Facebook, што ќе се прошири во листа, на чие дно ќе го најдете делот за Live Videos notifications. Тука може да ги исклучите целосно известувањата или пак само Suggestions - Live видеа за кои Facebook мисли дека ќе ви се допаднат. Ако сакате никогаш повеќе да не видите известување за Live Video одберете All Off.Извор: kajgana.com

Курсеви

(MKD)

52.2961
61.495
54.7693
38.068
68.7864
0.4643

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9548
EUR/USD
1.1759
GBP/USD
1.3153
USD/JPY
112.6343
EUR/CHF
1.1228
EUR/AUD
1.6154

Игри