image
Samsung бара помош од LG за батериите!
GSM.mk
Samsung никако не може да се опорави од целото фијаско со Note 7 уредите. Сеуште има 1.9 милиони телефони кои се во рацете на корисниците и Samsung сака да се ослободи од сите нив..Повлекувањето на двата Note 7 верзии стави крај на доста солидни телефони од кои компанијата можеше да направи милиони. За жал, Samsung сеуште незнае која е причината за проблемот.По повлекувањето на првата серија, компанијата сметаше дека проблемот е со батеријата. Но, по второто повлекување беше очигледно дека батеријата не е единствениот проблем.Според новите изјави, Samsung бара помош од неколку компании, меѓу кои е и LG. Ова нема да биде прв пат Samsung да соработува со LG, бидејќи некои од камерите на компанијата доаѓаат од LG Innotek.Договорот сеуште не е склучен, па останува да видиме дали компаниите ќе го прекинат ривалството и ќе соработуваат повторно.

Курсеви

(MKD)

52.2517
61.495
54.3626
38.0585
69.4153
0.4659

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9612
EUR/USD
1.1769
GBP/USD
1.3285
USD/JPY
112.1522
EUR/CHF
1.1312
EUR/AUD
1.6158

Игри