image
Што е Google Home?
GSM.mk
Google Home доби низа позитивни критики на Google настанот во Сан Франциско. Добивме голем број нови информации за новиот еко-дом, па да погледнеме која е неговата цел, цена и достапност..Google Home е еден вид домашен асисент, кој може да ги исполни сите ваши желби и ќе се вклопи во секој дом поради неговиот дизајн, инспириран од свеќи и чаши за вино, кој има форма на секојдневни домашни предмети. Можете само да кажете "Ok, Google" и името на песната која сакате да ја пушти и ќе ја побара на било која апликација како YouTube Music, Spotify, Pandora и слично. Доколку не ви текнува на името на песната можете да кажете некој податок за неа, на пример во кој филм сте ја слушнале.Можете да го прашате Google Home да ви реши некоја математичка задача (колку е 18% од 92), да помогне со домашните обврски (како се вади дамка од вино) или пак за подлабоки теми (која е целта на животот) и ќе ви возврати со детален одговор. Има нов додаток на апликацијата, наречен "My day", кој ви помага да ги извршите сите обврски во денот или пак да ви каже информации за времето, сообраќајот и слично. Google Home е толку напреден што може да сврти виртуелна паричка вас за време на некој аргумент. Доколку имате повеќе Google Home уреди, заради високо квалитетни и "паметни" звучници, само оној најблиску до вас ќе одговори на вашите команди.Почетната цена е 129 долари, со 6 месеци бесплатно гледање на YouTube Red и ќе биде достапен од Ноември. Ќе го има во 7 бои, додека горниот дел од уредот е секогаш бел.

Курсеви

(MKD)

52.2961
61.495
54.7693
38.068
68.7864
0.4643

Валутен Пазар

USD/CHF
0.9548
EUR/USD
1.1759
GBP/USD
1.3153
USD/JPY
112.6343
EUR/CHF
1.1228
EUR/AUD
1.6154

Игри