image
Messenger Lite достапен за Andorid!
GSM.mk
Фејзбук тукушто најави дека новата Messenger верзија е сега достапна за Android корисниците. Наречена Messenger Lite, апликацијата ќе биде користена за пазари каде што комуникацијата е сеуште луксуз..Главната цел на Messenger Lite е да користи што помалце од телефонската меморија. Според фејзбук, апликацијата прво ќе биде достапна во Кенија, Шри Ланка, Малезија, Тунис и Венецуела. Апликацијата ќе биде најкорисна за постари Android телефони, кои немаат многу меморија и конекцијата често е спора или се губи.Facebook Lite првобитно ќе биде достапна во овие 5 земји, затоа што фејзбук тврди дека во нив има најголем број Messenger корисници. Ова е втората "Lite" апликација на фејзбук, откако компанијата објави Facebook Lite за луѓето чии телефони не се способни да ја користат оригиналната верзија на апликацијата.Бидејќи iOS корисниците немаат никаков проблем со Messenger апликацијата, Lite верзијата нема да биде достапна за овие уреди.

Курсеви

(MKD)

54.6877
61.5783
54.3019
38.885
70.0231
0.4948

Валутен Пазар

USD/CHF
1.0071
EUR/USD
1.126
GBP/USD
1.2804
USD/JPY
110.5249
EUR/CHF
1.134
EUR/AUD
1.5836

Игри